Државата денеска треба да исплати нова тура субвенции во износ од 8,5 милиони евра. Како што најави премиерот Никола Груевски вчера, ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци.
Средствата се наменети за 6.000 млекопроизводители и 10.000 се од делот поледелство.
Исплатата треба да заврши за две до три недели.