Наместо веднаш да се одлучите за медицински помагала како сируп или таблети, намалете ги тегобите со помош на природни лекови кои со сигурност би ви ги препорачала и вашата баба.
Рузмарин, против кашлица
Чајот, лимонот и медот се важно трио во борбата против настинката. Меѓутоа, ако ве боли грлото и ве мачи неуморна кашлица треба да загреете обична вода во која ќе додадете две до три капки есенцијално масло од рузмарин.
Ментол, против затнати синуси
Доколку имате проблем со запушени синуси, а особено во текот на зимските месеци снабдете влажнувачи на просторот. Овие апарати додаваат влага во топол и сув загреан простор и така ги спасуваат вашите дишни патишта.
Запушените синуси од друга страна можат да се излекуваат со гелови на база на ментол, со кои можете да го намачкате предниот дел од градите, или пределот под носот.
Лаванда, против главоболка
Чувствувате ли почеток на главоболка – вдишувањето на миризбата на масло од лаванда ги опушта рамената и мускулите и ја намалува болката.
Јога – против несоница
Една американска студија покажала дека секојдневното изведување јога ја намалува несоницата. За време на истражувањето испитаниците заспивале 10 минути порано и спиеле еден час подолго.
Мраз, против воспаление на мускулите
Во некои слуаи наједноставните рецепти против болка се најдоброто решение.
За да ја спречите силната болка во мускулите по напорното вежбање, еден американски лекар препорачува ладни облоги на воспалените мускули.
Инаку, против зимската депресија можете да се борите со куркумата. Индијците спровеле големо истражување кое покажало дека овој ароматичен азијски зачин видно го подобрува расположението кај оние кои редовно го конзумираат, како и тоа дека има слично делување како некои медицински антидепресиви.