
Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да се состане со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, при самитот на ОН за климата, во Париз.
Никаков состанок на претседателот Путин со турскиот колега во Париз не е предвиден, соопшти Кремљ.
Путин во текот на самитот за климата, најверојатно ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, посочил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.