Иванов до Обама: Македонија веднаш треба да стане член на НАТО

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со американскиот претседател Барак Обама на маргинит на лидерската конференција за климата КОП21 пто се одржува во Париз.

Како што информираа претставници на кабинетот на Иванов, двајцата претседатели разговарале за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

Иванов притоа истакнал дека ситуацијата со Македонија се уште е стаус кво, и дека нема никаква статусна промена во однос на НАТО и оти Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.