Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој своевремено обвинуваше дека случувањата во Куманово, при кои што загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили, а повеќе од 30 беа ранети, не биле терористичкиакт, туку местенка на власта, со цел да се оттргне вниманието на јавноста од неговите „бомби“, на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ се предомисли, па тврдеше дека трагичните настани во Диво Насеље, биле исти како терористичките напади во Париз.
„Случувањата во Куманово се истотака терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион. Граѓаните Македонци и Албанци на 9 и 10 мај покажаа солидарност и единство. Дел од тие терористи се со муслиманска вероисповест кои дојдоа после, надевајќи се дека ќе добијат поддршка од граѓаните Абанци кои што живеат во Куманово и Македонија, ќе се солидаризират со нив, и како во 2001 година, можеби ќе предизвикаат кнфликт од поголем размер“, истакна Заев во Словенија.
Не помина многу време, Заев во претпознатлив стил на манипулативно ретерирање, денска повтроно да се предомисли, па „појасни“ дека инцидентот во Куманово го „режирала“ Власта, но имало нови факти кои укажуваат на тоа дека меѓу терористите имало лица кои биле во Сирија.
„Постојат силни индикации дека е монтирано сценарио од страна на власта. Ако новите информации потврдиле дека неколку луѓе имат свое минато со присуство во Сирија тоа не значи дека Заев го сменил својот став“, посочи Заев, на прес коференцијата на СДСМ во врска со одлуката на ДИК со која се оспори ветото на Кире Наумов за задолжувањето на Владата.