Сосема заслужено, Меси го победи Роналдо во две конкуренции и тоа за најдобар напаѓач и севкупно за најдобар фудбалер во Ла Лига.
Клаудио Браво ја доби наградата за најдобар голман, додека Серхио Рамос беше избран за најдобар дефанзивец.
Најмногу полемики предизика изборот за најдобар играч за врска, каде со наградата се закити Хамес Родригез, иако за истата конкурираа и Андрес Иниеста и Ентоан Гризман.
Луис Енрике апсолутно заслужено дојде до признанието за најдобар тренер, Нејмар беше избран за најдобар фудбалер од Јужна Америка (Меси не беше во конкуренција за оваа награда), додека за најдобар играч од Африка во Ла Лига беше избран Фегули од Валенсија.
Кристијано Роналдо, кој воопшто не присуствуваше на церемонијата, како утеха ја доби награда од фановите за играч на годината.