За време на еден напад на Слован дојде до дуел помеѓу Ладијлав Наѓ и Виталиј Ситников.
Наѓ, играч на Слован, притоа ја загуби рамнотежата и задниот дел од клизалката го потфати Ситников по вратот. Во истата секунда, Ситников ги фрли ракавиците и палката на ледот и се упати кон клупата, по што се забележа дека има голема дамка од крв на вратот, а докторите итно му укажаа помош.
За среќа, клизалката не ја пресече артеријата. Виталиј беше на операција која мина во најдобар ред, објасни тренерот на Јурга Павел Јерезовскиј.
Во целата приказна на крајот Ситников имаше многу среќа. Доколку клизалката на Наѓ го засечеше некој сантиметар повеќе можеше да дојде до трагедија.