Апсолутно не прифаќаме ниту еден предлог од било која партија, а за жал добивме таков предлог од СДСМ – државата да има можност за регулација и за цензура на квалитетот, пристрасноста односно непристрасноста, на објективноста односно необјективноста за медиумите, тоа е минимална работа која што демократските држави ги разликува од државите каде што има диктатура, истакна Илија Димовски, претставник на ВМРО-ДПМНЕ во Работната група, која разговара за медиумите во согласност со Договорот од Пржино.
-Мене ми е многу жал што цела една хајка и битка на СДСМ во 6-7 години, во која зборуваа за демократија и слобода, се изложија на еден ваков срам со нивниот пристап и нивните барања за партизација на Агенцијата, на МРТ и за воведување на можност Агенцијата да казнува со огромни казни како што предложија, со забрана за вршење на професија новинар, со забрана за вршење на дејност на правните лица и тоа врз база на оценка на квалитативни вредност во новинарството. Тоа за нас е апсолутно неприфатливо и не сакаме ниту да разговараме во тој правец, истакна Димовски.
Секоја промена на регулацијата на оваа сфера, според Димовски, мора да е подобра од претходната и да се оди чекор напред.
-Она што СДСМ го предлага е враќање 40 години назад во времето кога имаше само една телевизија и два дневни весници во Македонија. Ние предлагаме поддршка од државата на процесот на саморегулација и воспоставување на етички стандарди воспоставени од самата новинарска фела, предлагаме либерализација и слобода на пазарот, предлагаме воведување на највисоките стандарди кои ги имаме во препораките од Советот на ЕУ, Европската радио-дифузна унија и Европската комисија. Сите предлози кои ние ги ставивме на маса апсолутно извираат и потекнуваат од препораките на овие неколку значајни европски институции, додаде Димовски.
Прочитајте повеќе: