
По денешната скандалозна изјава на лидерот на СДСМ во која кажа дека медиумите се најголеми непријатели на опозицијата од ЗНМ со остра реакција.
-Ова е несериозна изјава на лидерот на опозицијата. Наместо да создаде услови за работа на медиумите, апсолутно не му е работа да се занимава да даде квалификација како медиумите работат. Медиумите имаат право да имаат било каков однос кон ваквата изјава на лидерот на опозицијата, меѓутоа јас сметам дека прашање е на луѓето во опозицијата, на членовите и симпатизерите на СДСМ „Дали Зоран Заев ќе им биде лидер или некој друг“? , истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани во изјава за Сител.
Инаку, денес Зоран Заев даде скандалозна изјава во која рече дека негови најголеми непријатели се медиуми.