ФОТО: Груевски на театарската премиера „Мајсторот и Маргарита“

ФОТО: Груевски на театарската премиера „Мајсторот и Маргарита“
ФОТО: Груевски на театарската премиера „Мајсторот и Маргарита“

Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица вечерва присуствуваат на тетарската премиера „Мајсторот и Маргарита“.

Ремек-делото на Михаил Булгаков вечерва премиерно се прикажува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ). Премиерот Груевски не пропушти да биде дел од премиерата на претставата која е во режијата е на популарниот режисер Иван Поповски и која трае повеќе од 4 часа.

gruevski-teatar1

gruevski-teatar3
Во претставата играат шеесетина актери. Дејан Лилиќ го игра Мајсторот, а Драгана Kостадиновска ја толкува Маргарита, Никола Ристановски е Воланд, Понтиј Пилат е Јордан Симонов, Kаровјев го игра Оливер Митковски, Азазело – Ѓорѓи Јолевски, Емил Рубен, го игра доктор Стравински, а Сашко Коцев, пак, ја има улогата на Иван Николаевич – Бездомни.

Вчера беше претпремиерата на претставата, а публиката ја награди екипата со неколкуминутен аплауз.