„Гентерм“ во Прилеп ќе отвори нови 2.000 вработувања

европскиот пазар, а пред се за големите автомобилски гиганти како „ферари“, „порше“, „бентли“, „рено“, „БМВ“ и други со што, подвлече, Македонија уште повеќе ќе го зголеми својот извоз, како и асортиманот на производи со ознака „Made in Macedonia“.

Верувам дека и други инвеститори ќе го следат примерот на Гентерм и секогаш кога бараат пристап до европскиот пазар, добра инфраструктура, добри бизнис услови, квалитетни човечки ресурси и партнерски расположена влада секогаш изборот ќе паѓа на Македонија, истакна премиерот Груевски.

Свое влијание во отворањето  нови работни места премиерот истакна дека имаат и новите инвестиции во индустриската зона Прилеп 1 каде веќе се продадени парцели и во моментот се градат нови објекти на повеќе компании, а во тек е постапка за продажба на парцели и во индустриската зона Прилеп 2 што, подвлече, укажува на интересот за инвестирање во Прилеп.

Потпретседателот на Гентерм Јорк Еверст истакна дека при изборот на нови локации за ширење на својот бизнис разгледувале можности во Романија, Бугарија, Србија, Мароко и Унгарија, а причина за одлуката да инвестираат во Македонија биле квалификациите на луѓето што ги интервјуирале и професионалниот однос на претставниците на Владата на Македонија.

Наша цел е да донесеме врвна технологија за производство на делови за регулирање на температурата во автомобилите. Веќе имаме цел раководен тим и освен управителот на фабриката тој се состои целосно од Македонци. Тоа што нашата работна сила, што се состои од Македонци, минува интензивна обука во Украина е гаранција за нашиот иден успех, рече Еверст.

Пред присутните се обрати и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој истакна дека се очекува овој, инаку прв инвеститор во ТИРЗ Прилеп, да почне со работа во март, а ќе произведува најсовремени компоненти за потребите на глобалните компании од автомобилската индустрија.

genterm-prilep2

Тој изрази задоволство што се повеќе компании покажуваат интерес за инвестирање не само во Скопје, туку и во внатрешноста од земјата, што е од особено значење за рамномерен развој на државата.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека паралелно со изградбата на фабриката на Гентерм се привршува со изградба на ТИРЗ Прилеп. Во зоната во првата фаза на изградба инвестирани се околу два милиона евра, а во наредната фаза за изградба на сообраќајно поврзување, водоснабдување и на останатата инфраструктура ќе се инвестираат околу четири милиони евра. Зоната е со површина од околу 68 хектари и ја сочинуваат 23 градежни парцели организирани во 13 блока каде ќе се сместат производствени погони на светски глобални компании кои освен креирање работни места ќе овозможат развој и примена на нови технологии, ќе придонесат кон зголемување на конкурентноста, на локалната економија, подобрување на трговската размена и забрзување на развојот на економијата во државата воопшто.

Гентерм е глобална компанија за производство на делови за автомобилска индустрија и е присутна на три континенти со осум фабрики.