Проблемот е кај рускиот репрезентативец Денис Черишев, кој вчера беше дел од стартната постава на Реал на гостувањето кај Кадиз во 1/16-финалето од Купот.
Младиот напаѓач има три жолти картони од минатата сезона во истото натпреварување, но тогаш како член на Вилјареал. Третата јавна опомена ја доби против Барселона, во реванш полуфиналниот меч на домашен терен кога Вилјареал загуби со 1:3.
Реал добил листа на суспендирани фудбалери во Купот на Шпанија, на него бил Черишев, но тој сепак се нашол во составот за денешниот меч, па дури и го постигна првиот гол.
Иронично, сега се зависи од Кадиз. Ако третолигашот одлучи да се жали, Реал ќе биде исфрлен од Купот на Шпанија, а рокот за тоа е денес до 14 часот.