Напаѓачите во Калифорнија биле прачен пар, мотивите сеуште непознати (ВИДЕО)

Напаѓачите во Калифорнија биле прачен пар, мотивите сеуште непознати
Напаѓачите во Калифорнија биле прачен пар, мотивите сеуште непознати

Напаѓачите кои во нападот во Калифорнија убија 14 лица се идентификувани како Сајед Ризван Фарук и Ташфн Малик.

Полицијата навела дека е можно Фарук (28) и Малик (27) да биле венчани или верени.

Фрук кој што е роден во САД, присуствувал на забава,  а потоа се вратил вооружен и почнал да пука.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Во нападот се ранети 17 лица, а потерата по напаѓачите траела повеќе од четири часа. Напаѓачите се убиени додека со автомобил бегале од полицијата. Тие биле облечени како командоси.

kalifornija1

kalifornija

Првенствено, полицијата претпоставувала дека се работи за тројца напаѓачи. Третата личност која е видена како бега е приведена, но, не се знае дали таа има врска со нападот.
Сајед Ризван Фарук
Сајед Ризван Фарук

ФБИ разгледува повеќе мотиви за нападот, можен е и тероризам

Дошле подготвени да го направат тоа што го направија, како да биле во мисија, велат полициски извори.

Нападот во центарот за социјална работа се случил за време на празничната прослава за вработените, не за корисниците на центарот.