Рацијата се случила утрово кога полицајци привеле две лица и тоа претседателите на КОНМЕБОЛ и КОНКАКАФ, Алфредо Хавит и Хуан Анхел Напот.
Тие биле во хотелот поради состанокот на Извршниот комитет на ФИФА што се одржува во Цирих. Двајцата се уапсени поради рекетирање и примање мито за продажба на маркетиншки права за фудбалски турнири во Јужна и Северна Америка, но и за Светски првенства.
ФИФА е загрижена од акцијата на Министерството за правда на САД. Ќе продолжиме да соработуваме со истрагата како што тоа го правевме досега, се вели во краткото соопштение од ФИФА.
Последната година во највисоката светска фудбалска институција се случија низа апсења на високи функционери, а во моментов, суспендиран е првиот човек Сеп Блатер.
Се очекува работите малку да се средат по претседателските избори кои треба да се одржат на 26 февруари 2016 година.