Писториус пукаше во својата девојка Рива Стенкамп убивајќи ја во февруари 2013 година, по што се бранеше дека не знаел дека таа се наоѓала во тоалетот, туку стравувал дека тоа бил крадец што упаднал во неговиот дом.
Првичната пресуда му овозможи на Писториус по кратко време во затвор, да се пресели во домашен притвор.
Сепак, по најновиот развој на настаните јужнофриканскиот атлетичар ќе мора повторно да замине на суд, овојпат соочувајќи се со далеку поголема казна, со оглед на фактот дека минималната казна за убиство со умисла според законите во оваа земја изнесува 15 години во затвор.
Правдата е задоволена, изјави мајката на Рива Стенкамп при напуштањето на судницата.