Илјадници бегалци, најголем дел од Сирија и економски азиланти се сместени во камп на грчко-македонската граница кај Гевгелија, па како што објави “Ел Мундо Депортиво”, на 9 декември од 19 часот, Бабунски организира конференција “Кои сме ние?” на “Камп Ноу”, каде се повикани сите членови на Барселона Б заедно со стручниот штаб да донираат пари за хуманитарните цели.
Парите ќе бидат наменети за храна и други основни намирници, кои ќе бидат однесени во кампот на границата со цел да им се помогне на бегалците.
Бабунски на 22 декември ќе биде во Македонија цела недела и тој најавил дека ќе го помине седумдневниот одмор во Гевгелија заедно со својот брат.
“Филозофот”, како што го именуваат Бабунски во Каталонија со ова покажува неверојатна хуманост и веќе ја импресионира шпанската јавност.