Во рамки на посетата на општина Кочани, премиерот Никола Груевски направи увид во изградбата на училишната спортска сала при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари.
Салата е со капацитет за 500 лица, опремена е со современа спортска опрема и се протега на површина од 1.300 метри квадратни. Станува збор за инвестиција вредна 40 милиони денари. Инаку, ова е втора спортска училишна сала што се гради во Кочани, а се очекува да биде готова за дваесетина дена. Салата е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија.
По посетата на Кочани, премиерот Груевски ќе замине за Виница каде е предвидено да ја посети австриската фабрика „Текспорт“. Предвидено е тој да има средба со жителите на село Јакимово, виничко.