МАН смета дека во предлогот на Ванхојте има нешто што е неконзистетно, не е докрај објаснето. Има делови што може да се искористат како предлогот за МРТ ДДВ од 18 на 5 проценти да се намали. Има нешто што е погубно. Она што СДСМ го предложи го предлага и тој. Крајниот одговор го има политиката, со двотретинско мнозинство. На двете здруженија целта е професионализам. Ние да седнеме и да го предложиме тоа што треба да се усвои. Сметаме дека Ванхојте не може да носи предлог за кој вели дека го нема во ниту една земја, некаков збир од повеќе држави. Мислам дека Ванхојте не е вистинско решение што ни го предложи меѓународната заедница, вели Димишкова.
Според неа клуч за излез од оваа ситуација е „наш“ Закон.
Политичките партии веќе го кажаа своето. Која е стабилноста ако ние секоја година го менуваме законите. Медумите не им се непријатели на политичките партии. Потребен е Закон од нас, предлози кои ќе произлезат од нас. Тоа што го нудат партиите и Ванхојте го видовме. Медиумската сфера во Македонија е регулирана. Никој не бара промена на медиумската регулатива, ниту договорот од Пржино ниту извештајот на Прибе. Евидентно е дека е потребно да се дотераат некои работи и тоа треба ние да го направиме заедно со ЗНМ, доста од притисоци на партиите и од меѓународната заедница. Нема потреба политичките партии да даваат предлози, ниту меѓународните посредници да даваат предлот кој го нема во ниту една земја во ЕУ. Ние сме дел од Европа и нам ни требаат европски закони. Единствено ние со заеднички сили како фела. Никако политичарите да одлучуваат за нас. Мора последниот збор да го има новинарската фела, децидна е Димишкова.