Ирак на Турција и’ даде рок од 48 часа да ги повлече своите сили од северен Ирак, за кои Багдад тврди дека влегле нелегано, во спротивно ќе се соочи со „сите расположливи опции“, вклучувајќи и обраќање до Советот за безбедност на ОН.
Турција брзо реагирала со соопштение дека ќе престане со понатамошното преместување на војници во близина на Мосул, кој е под контрола на Исламската држава. Анкара во четвртокот распоредила стотина свои војници во логор во близина на Мосул, наведувајќи дека тоа е рутинска ротација на нејзините сили.
Багдад тврди дека турски сили со тенкови и артилерија влегле во Ирак без дозвола. Медиумите во Турција јавиле дека во ирачката област Башика, во близина на Мосул, Турција упатила 600 војници и 25 тенкови, пренесе агенцијата АФП.
На тоа подрачје против џихадистите се борат курдските пешмерги, а турската новинска агненција Анадолија јави дека турските војници се пратени таму да ги обучуваат тие курдси сили.
Турција негирала дека ги шири своите воени активности во северен Ирак, па ја разместила својата војска во близина на област која е под контрола на Исламската државва.