Непознати сторители, доцна синоќа го запалиле знамето на НАТО сојузот, кое последните неколу денови се веело на влезот во црногорската престолнина.
Знамето на НАТО било поставено заедно со црногорсото знаме и тоа на Европската унија, на јарбол на влезот во Цетиње, во чест на поканата на Црна Гора да се приклучи на тој воено-политички сојуз.
Претседателот на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ, на својот ФБ профил напишал дека од синоќа во Престолнината не се виори знамето на НАТО. Тој на својот YouTube канал објавил видео на кое се гледа како гори знамето на НАТО.