
Времето претпладне ќе биде магливо и студено со ниска облачност, а попладне ќе има делумно намалување и расчистување на маглата. На повисоките места сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од седум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде магливо и студено. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе искачи до девет степени.
И во наредните два дена временската состојба ќе биде без поголеми промени. Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините и опаѓање на температурата во останатите места.