Владејачкиот Ирачки национален сојуз „Инс“ му даде зелено светло на премиерот Хајдар ал Абад за одмазднички мерки против Турција, ако Анкара се откаже да ги повлече своите војници од територијата на арапската република, соопштуваат ирачки медиуми.
Станува збор за „сите неопходни мерки за заштита на границите и суверенитетот на земјата, вклучувајќи го и своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН и Арапската лига“. Исто така се можни и економски санкции, но детали за нив не се објавени.
„Партнерите во Инс одлучија целосно да ги поддржат активностите на премиерот, во согласност со уставот“, се вели во заедничкото соопштение на коалицијата.
Премиерот Хајдар ал Абад веќе издал наредба за усогласување на ирачките вооружени сили во состојба на готовност.
На 4 декември Турција испратила свои трупи – околу 150 војници, тенкови и артилерија во камп на курдските војници крај ирачкиот град Мосул.
Анкара тврди дека војската е испратена за да ги тренира курдските борци за борба против борците на „Исламска држава“, под чиј надзор се наоѓа Мосул.
Уште следниот ден – 5 декември – Багдад остро реагираше и побара од Турција веднаш да го повлече воениот контингент, исто така и да не внесува воена артилерија, освен ако тоа не е усогласено со ирачките власти.
На 6 декември ирачкиот претседател Фуад Маасум исто така, побарал повлекување на турските војници и го нарекол нивниот влез како „кршење на меѓународните норми и право“. Тој и даде 48 часа на Анкара за да ги повлече војниците.