По објавата дека Австрија почнала со подготовки за поставување ограда на границата со Словенија за подобра контрола на мигрантите, Љубљана соопшти дека во прашање е привремена мерка на коај Словенија нема забелешка.
Австриските медиуми јавија дека на австриската страна кај преминот Шпилфелд каде што ќе се гради нов прифатен центар, почнале подготовки за кревање жичана ограда висоа два метри.
Оградата ќе биде поставена во должива од четири километри.
Ова е прв ваков случај на кревање ограда помеѓу две земји во Шенген зоната.
Во меѓувреме, Словенија ппродолжува со поставувањето на чичана ограда на границата со Хрватска. Според наводите на Министерството за внатрешни работи, досега е поставена околу 110 километри ограда.