
Покрај зголемената безбедност која ќе ја обезбеди овој натпатник преку автопатот Скопје- Петровец, тој ќе биде и порта на влезот во метрополоата.
Според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, овој мост е уште еден пример за одличната соработка помеѓу централната и локалната власт.
-Преку Министерството за транспорт и врски до сега во општина Гази Баба реконструирани се 7 локални патни правци, вкупна инвестиција од 60 милиони денари. Во завршна фаза е и последниот дел од локалниот пат од село Сингелиќ до село Раштак, вкупна инвестиција од 10 милиони денари. Овој пат до крајот на годината ќе биде завршен. Во делот на комуналната инфраструктура, во оваа општина инвестирани се преку 51 милиони денари за подобрување на водоводната и канализационата мрежа, истакна Мисајловски.
Потсети и дека оваа година започна да се гради клучката кај Смилковци, инвестиција вредна 40 милиони денари, која се очекува да биде готова во првиот квартал од 2016 година.