Причината поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на вчерашната прес конференција на Спасовски е закани по нивната сигурност и лична безбедност. Дел од работите поради кои е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица се закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските.
Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, може да се забележи дека СДСМ во МВР спроведува