Рускиот премиер, Дмитриј Медведев изјави дека соборувањето на рускиот авион Су-24 од страна на туските воено-воздухопловни сили било доволна причина за војна, но потенцира дека Москва одлучила да не примени симетричен одговор.
– Што правеа земјите во 20. век во слична ситуација? Почнуваше војна, рече Медведев во телевизиската емисија „Разговори со премиерот“.
Според него турската постапка е директен напад врз странска земја.
– Меѓутоа во сегашната ситуација војната е најлошто нешто што може да се случи… Затоа донесовме одлука да не примениме симетричен одговор на постапката на Турција, нагласи рускиот премиер.