Група на сириски бунтовници кои се организирани пд името „Фронт Левант“, а се борат против војската на претседателот Башар ал-Асад, објавија необично видео со лажно погубување на терористи на ИСИС, а со што сакаат на светот д му покажат дека во Сирија не се сите дивјаци и убијци.
Целата снимка, всушност, наликува на бруталните снимки од Исламската држава. Бунтовниците ги натерале терористите да облечат портокалови одела и да клекнат. По тоа, маскираните Сиријци ги репетираат пиштолите и нишанат кон главите на терористите.
И тогаш, кога се очекува сигурна егзекуција, се случува нешто што на прв поглед изгледа незамисливо. Бунтовниците ги вадат фантомките и пиштолите ги ставаат во футрола. Однекаде се појавува и човек во бела муслиманска облека и на терористите им порачува:
„Ова не е наша политика, ние не сме зли“.
Потоа, наредува заробените терористи да се вратат во затвор.
Снимката е наречена „Муслиманите не се криминалци“, а ја објави „Фронт Левант“ кој се бори против ИСИС и Башар ал-Асад.