
Обвинителството во Австралија подигна обвнинение против петмина, вклучувајќи и 15-годишно момче, заради терористичка завера, а властите изразија голема загриженост поради радикализација на се’ поголем број млади лица.
Тинејџерот и едно 20 -годишно момче се уапсени утринава. Тие се осомничени за завера и извршување на дела за терористички напад на зграда на една државна институција, соопшти полицијата.
Во полициското соопштение се неведува дека останатите тројца, кои веќе се наоѓаат во затвор и се на возраст од 21 и 22 години, се обвинети за истото злосторство.