Нашите футсалци денеска против домаќинот во Бари успеаја да бидат достоен ривал само во првото полувреме, бидејќи на паузата заминавме со негатива од само 1:0 со голот на Романо во деветата минута.
Во првите три минути од вториот дел примивме уште два гола преку Јапа и Алекс Мерлим, додека Адријан Мицевски намали за Македонија во 24-тата минута. До крајот на натпреварот “аѕурите” уште три пати стрелаа во нашата мрежа преку Канал, Габриел Лима и Патиас за конечни 6:1.
Во рамки на нашата група Словачка славеше против Молдавија со 3:1.
Македонија утре од 18 часот игра против Словачка, натпревар кој е реално најважен за нас во трката за второто место во групата 7.