Контролна проверка мора да направат сите 25 ученици од неговиот клас.
-Согласно законските прописи, ние испративме писмо до училиштето неговите соученици да дојдат во диспанзерот да направат контрола. За тоа им треба упат од матичен. Денеска дојде сам едно дете, но очекуваме да дојдат и другите. Инкубациониот период е 6 недели така да има простор за проверка, вели Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје.
По дијагностицирање на случајот, скопскиот центар за јавно здравје и државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш направиле увид во училиштето. Не нашле забелешки, но препорачале повеќе проветрување и одржување на личната хигиена.
Денеска е направена и дезинфекција на училиштето. Иако туберкулозата има тренд на намалување, според епидемиолозите не е карактеристично во 21 век болеста да се јавува во урбана средина. Најдобра заштита е вакцинацијата.
-Вакцината секако е многу важна, но туберкулоза се јавува и кај асоцијални случаи, што значи важен е социјалниот статус, вели директорката на Здравствен дом.
Оваа година се регистрирани два случаи на туберкулоза во образовни установи. Првиот е пред неколку месеци кога заразата беше дијагностицирана кај наставничка во основно училиште во Чаир, пишува zdravstvo24.mk.