НБА: Дурант со “трипл-дабл” ја покори Атланта

Најубедлива победа забележа екипата на Оклахома Тандерс, која со 107:94 славеше над Атланта Хоукс.

“Јастребите” го немаат ликот од претходната сезона, а до победата “молњите” дојдоа со доминација во сите четири периода.

Лидер на поентерската листа беше Кевин Дурант кој имаше “трипл-дабл” од 25 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Расел Вестбрук со “дабл-дабл” додаде уште 23 поени и 10 асистенции, додека кај Хоукси се истакна Баземор со 22 поени.

НБА Резултати:

Бруклин – Филаделфија 100:91
Чикаго – ЛА Клиперс 83:80
Оклахома – Атланта 107:94
Сакраменто – Њујорк 99:97