ВИДЕО: Направете сами уникатни новогодишни декорации

Еве една идеја како самите да направите уникатни новогодишни декорации, кои што нема да ве чинат многу, затоа што материјалите се достапни и најверојатно ги имате во домот.

Се што ќе ви биде потребно е обичен картон, конец, лепило, фолија, украси и секако волја и желба да направите нешто ново и уникатно.

Се надеваме дека овие идеи ќе ве натераат да бидете малку креативни и да дозволите да ве фати новогодишната еуфорија.