Најмалку 22 жртви во пожар во болница во Русија

Најмалку 22 лица погинале, а 23 се повредени во пожарот што избил во болница за невролошки заболувања во рускиот регион Вороњеж.

-Од 22 мртви лица, две починале во болницата. Спасувачките екипи уште трагаат по едно исчезнато лице, за агенцијата ТАСС изјавија од руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што наведува „ Раша тудеј“, евакуирани биле 57 лица.

Починале пациентите кои биле врзани за кревет или биле под силни седативи во рамки на нивната терапија.

Се уште не позната причината за пожарот, што беше локализиран во три часот по полноќ по локално време.

Во болницата во време на појавувањето на пожарот се наоѓале околу 70 пациенти.

Огнот во целост ја проголтал зградата со површина од 600 квадратни метри.