Завршија градежните активности во Институтот за заболувања кај деца во Козле. Објектот соби целосно нов изглед.
На отворањето на детската болница во Козле присуствуваше премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за здравство Никола Тодоров. Отсега децата со белодробни и респираторни заболувања ќе се лечат во новата модерна зграда која ги исполнува сите светски стандарди.
Објектот, вреден 8 милиони евра се простира на 6.500 метри квадратни и е комплетно опремена установа со еднокреветни и двокреветни соби за мајките и децата во кои ќе има целосна климатизација, тоалет во секоја просторија, широки ходници со пултови за медицинските сестри. Новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги, велат надлежните.
Досега институтот работеше во стари бараки, изградени после земјотресот како донација од кралството Шведска.