“Жешките” до победата дојдоа на импресивен начин, затоа што во финишот имаа негатива од осум поени (89:97), но сепак, со серија од 11:0 успеаа да се вратат во игра и да слават.
Во завршните минути одлични беа Грин и Вејд кои ги постигнаа речиси сите поени за пресвртот кој донесе 13-та победа за Мајами сезонава.
Најефикасен кошаркар на мечот беше Грин од Мемфис со 26 поени, додека кај Мајами најмногу се истакна Бош со 22 поени.
Интересно беше и во Оклахома, каде домаќинот по продолженија дојде до победа против Јута (104:98).
На полувремето Тандерс имаа двоцифрена негатива (38:51), но успеаа да се вратат резултатски и да направат регуларниот дел да заврши со резултат 96:96.
Во екстра-времето одлични беа Вестбрук и Дурант за нов триумф на фаворитот.
Кевин Дурант на средбата постигна вкупно 31 поен, Расел Вестбрук заврши со дабл-дабл учинок од 25 поени и 11 скока, додека кај Јута најмногу се истакна Худ со 23 поени.
На третиот меч кој се одигра синоќа Торонто ѝ нанесе уште еден пораз на Филаделфија, совладувајќи ја со 96:76.
На поентерската листа лидер беше Де Розан со 25 поени, а кај Филаделфија најпрезицен беше Окафор кој дојде до бројката од 23 поени.