Вчерашното сослушување на премиерот Никола Груевски, од Анкетната комисија формирана која е формирана да го преиспита прислушувањето, за Петре Шилегов беше посочено како скандалозно, бидејќи наводно Груевски сакал да предизвика криза во работата на комисијата со тоа што побарал седницата да биде затворена за јавност.
Тој пред сослушувањето, во негов претпознатлив стил, и со навредлив вокабулар кон членовите на комисијата, предизвика драма, очигледно мислејќи дека премиерот нема да се појави на сослушувањето. Но, како што дознава „Нетпрес“, од лица присутни на комисијата, кога Груевски одговарал на поставените праашања, Шилегов, во манир на дете кое направило некоја белја, сосема го сменил однесувањето. За цело време додека траело сослушувањето, тој, заедно со својот заменик, Горан Мисовски, молчеле со наведната глава. Арогантниот и силен на зборови Шилегов, одеднаш се претворил во кротко јагне, без глас и без неговите силни, но празни поенти, со кои безнадежно се обидува да манифестира некоја чесност, користејќи манипулативни фрази кои јавноста веќе одамна ги има прочитано.
Ваквото покaжување на сила и безкомпромисни и потценувачки надмудрувања кои СДСМ ги прктикува секојдневно како свои најдобри адути во политичката битка, не покажува ништо друго, туку само јасен параметар кој гарантира нејзин катастрофален пораз на претстојните избори.