Москва: Црна Гора треба да одржи референдум за влегување во НАТО

Црна Гора би требало да одржи референдум за приклучување на НАТО, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова навела дека помалку од половина население на Црна Гора го поддржува влегувањето на земјата во оваа воена алијанса.

„Постои длабока поделба во црногорското општество, пред се’ за прашањето на членство на земјата во НАТО. Сметаме дека народот на Црна Гора треба да го изнесе своето мислење за тоа на референдум, рекла Захарова.

Црногорскиот премиер, Мило Џукановиќ во понеделникот порача дека одлуката за приклучување на Црна Гора во НАТО треба да биде донесена во Собрание, а не на референдум.