
Мекгрегор го нокаутираше противникот со својот прв силен удар во главниот настан од спектаклот УФЦ 194 и до победата дојде за само 13 секунди.
Вкупно, тој заработи 16 милиони долари, односно 1,3 милиони долари по секунда, ако се пресмета за колку време тој му зададе нокаут на дотогаш непоразениот Алдо.
Единствен проблем за Мекгрегор сега е заканата за суспензија, ако се докаже дека тој си ја скршил раката при нокаутот, но не го пријавил тоа.
Доколку наодот биде позитивен, Спортската комисија на Невада може да му изрече шестмесечна т.н. медицинска суспензија или до моментот кога лекарите ќе му ја санираат повредата.