Заев ги проби сите рокови за предавање на прислушуваните материјали

бидат предадени во специјалното јавно обвинителство, но тоа ќе го сторат кога државата ќе обезбедела соодветни простории за чување на материјалите. Заев рече дека писмо за подготвеност на материјалите неколку дена пред истекување на рокот е доставено до Специјалното јавно обвинителство.

-Мора да бидат обезбедени соодветни услови, а колку што сме информирани во СЈО за да се чуваат тие материјали оти се навистина во најголем процент од доверлива природа. Ние законскиот основ го исполнивме. Кога ќе обезбеди државата соодветни услови за чување на тие материјали, како што е обврска по Законот, најверојатно ќе биде побарано од нас да ги доставиме материјалите. Ние сме подготвени во секој момент, штом ќе биде побарано од нас, да ги доставиме материјалите, рече Заев.

Дури пред неколку дена, Специјалното јавно обвинителство побарало од лидерот на СДСМ доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, кои ги поседуваат и за кои изразиле подготвеност дека ќе ги достават на нивно барање.

– Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“… За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Во моментот кога ќе имаме конкретни информации за овие предмети и кога тие и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност јавноста ќе биде известена, стоеше во соопштението.

Односот на Заев кон законот и непочитувањето на законските рамки и рокови веќе е дел од неговиот карактер. Иако има законска обврска за тоа, Заев  таа свесно ја крши. Дополнително, со ваквиот однос излегува на површина и дека вредноста на дадениот збор е нула.

Ова е единствената обврска која досега, согласно роковите од Пржино не е исполнета, обврска која е согласно и законот за СЈО. Се преостанато, со помало или со поголемо задоцнување е исполнето, како нов закон за избори, нов закон за влада и заменици, нов состав на ДИК.  После сето ова, Заев и СДСМ не ја почитуваат  единствената нивна обврска од договорот и дополнително делуваат деструктивно во однос на ова прашање.

Познавачите сметаат дека со материјалите Заев ја држи послушноста во неговите редови и на тој начин