Путин: Можеби Турција сака да му покаже на Западот дека е доверлив партнер (ВИДЕО)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјавил денеска дека не разбира зошто Турција го соборила рускиот воен авион и оценил дека турското раководство можеби одлучило да им покаже на САД и на ЕУ дека е нивни доверлив партнер.

Тој, одговарајќи на прашањата на новинарите, кои годинава беа во рекорден број (1.392) на годинешната негова прес конференција,  кажал дека ќе биде тешко да се постигне договор со сегашното раководство на Турција, и дека не се надева на обновување на односите со Анкара, пренесува Ројтерс.

„Ако претходно турската авијација го нарушуваше воздушниот простор на Сирија, нека се обиде да го стори тоа сега“, посочи Путин.

Додал, дека инцидентот со соборувањето на авионот е непријателски акт и дека турските власти одбиле да соработуваат со Москва кога дошло до инцидентот.

„Можеби турската власт одговорила на барањата на Американците, не знаеме, можеби постои некој договор, но себе си се доведоа во сериозна ситуаација“, истакнал Путин.

putin

Надворешна сила нема да одлучува кој ќе владее со Сирија

Надворешна сила нема да одлучува кој ќе владее со Сирија
Надворешна сила нема да одлучува кој ќе владее со Сирија

Рускиот претседател изјавил дека нема да се согласи некоја надворешна сила да одлучува за тоа кој ќе владее со Сирија, но и дека не е сигурен во тоа дали Русија би требало да има постојана база во таа земја.

„Русија не ја започна војната во Сирија, таа спроведува одредени операции кои значително не го оптоваруваат буџетот“, пренесе агенијата „Тас“.

Политичкото решение е единствениот начин да се реши кризата во Сирија, истакнал Путин.

Москва ја поддржува американската нацрт-резолуција за Сирија, која ќе биде претставена во Советот за безбедност на ОН.

Путин смета дека мора да се направи нов нацрт-устав на Сирија, и да се подготват нови избори на кои Сиријците сами ќе одлучат кој ќе ги води.

Тој кажал дека руските сили во Сирија пружаат поддршка од воздух на поедини вооружени опозициски групи кои се борат против Исламската држава.

Тој напоменал дека руските акции можат да бидат спроведени и од голема одалеченост со ракети со долг домет.

„Ако сакаме да допреме до некој, тоа и ќе го направиме“, порачал Путин.

На почетокот на денешната прес конференција, рускиот претседател го извадил часовникот од рака и го поставил пред себе.