Феноменалниот Суарез го надополни отсуството на Меси и Нејмар

Луис Суарез ги постигна трите погодоци за каталонскиот гигант, со што Уругваецот стана прв фудбалер што постигнал хет-трик на натпревар од светското клупско првенство.

Луис Енрике за овој дуел не можеше да смета ниту на Меси ниту на Нејмар, но присуството на Луис Суарез беше сосема доволно за да се слави над кинескиот состав, каде пак Бразилецот Робињо се најде на клупата за резерви.

Барселона во големото финале ќе се сретне со аргентинскиот гигант Ривер плата, дуел за кој тренерот Енрике се надева дека на располагање ќе ги има и Меси и Нејмар.