Пешевски, како претседавач на СНИПП информира дека на седницата била сумирана работата во 2015 година и се дискутирало за натамошните чекори кои ќе се преземат.
– Создавањето база на национална инфраструктура на просторни податоци е еден од условите за пристапување на Република Македонија кон Европската унија. Токму поради тоа оваа активност е особено важна за Владата и ќе овозможи полесна и поефикасна комуникација помеѓу државните институции меѓусебно, а со тоа и олеснување на животот на македонските граѓани, истакна Пешевски на денешната прес-конференција во Владата.
Потсети дека во јуни годинава се воспостави Националниот геопортал, кој е електронска мета база на просторни податоци, на која може да се најдат мноштво корисни податоци за речиси сите области на живеењето.
– Советот и членките на Советот во наредната година и периодот што следи ги очекува обемна и напорна работа, која подразбира вклученост на сите членки во процесот на поставување огромен број податоци на Националниот геопортал, на кој моментално се вклучени 18 институции, кои поставуваат податоци од функциите на секоја од членките. Со приклучувањето на Геолошкиот завод ќе се стават на располагање сите геолошки карти и податоци, додека членството на Сојузот на стопански комори ќе значи поголемо учество и ангажман на приватниот сектор во реализација на активностите поврзани со формирањето на националната инфраструктура на просторни податоци, потенцира Пешевски.
Појасни дека на Геопорталот ќе се најдат податоци за висина на објекти, површина на земјиште, квалитет на вода, пошуменост и квалитет на шуми, сите податоци за сите компании, како што се сопственост, индустрија, вработени,…односно на едно место ќе се содржат голем број податоци од различни сфери на живеењето. Тоа, како што кажа, кај реките ќе помогне да може да се предвиди на кое место може да се излеат при зголемен водостој, а кај шумите каде евентуално може да настане пожар во деновите со високи температури.
– Користејќи ги податоците од Националниот геопортал, институциите дополнително ќе ја подигнат ефикасноста и квалитетот на својата работа. На пример, ако самите институции за одредени податоци морале да се обраќаат до 3-4 институции или повеќе, сега ќе ги имаат на геопорталот со само еден клик, истакна Пешевски.
Посочи дека континуирано се зголемува интересот за членство на институции или организации во националната инфраструктура на просторни податоци и додаде дека Советот за национална инфраструктура на просторни податоци во рамките на надлежностите ќе продолжи со процесот на хармонизација на националното со европското законодавство, подигнување на свеста и разбирањето на визијата, концептите и придобивките од националната инфраструктура на просторни податоци, како и на хармонизација и стандардизација на просторните податоци и услуги.
– Значењето на инфраструктурата на просторни податоци станува се поголемо и очекуваме во голема мера да ја подобри ефикасноста на самите институции, што подоцна директно ќе влијае на подигнување на квалитетот на услугите кон граѓаните. Со развојот на целиот овој процес очекуваме поедноставување на