Стабилно и успешно работење на групацијата Триглав и во 2016 година

Стабилно и успешно работење на групацијата Триглав и во 2016 година
Стабилно и успешно работење на групацијата Триглав и во 2016 година

Групацијата Триглав, водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во Адириа регионот, со речиси 5.400 вработени на седум пазари во југоисточна Европа, во 2016 година доследно ќе ги спроведува зацртаните стратешки цели. Фокусот останува на финансиската стабилност, изразена со високата бонитетна оценка, како и со безбедноста и профитабилноста на работењето. Во 2016 година групацијата ќе продолжи да ја зајакнува и консолидира својата позиција во регионот, земајќи ги во предвид спецификите и можностите на секој поедеинечен пазар.

Макроекономските услови во државите во коишто делува групацијата се стабилизираат, но на пазарот на осигурувањето ова подобрување и понатаму ќе заостанува и ќе се одвива постепено. Земајќи го во предвид овој тренд, како и очекуваниот резултат на штети и пониската добивка од финансиските инвестиции, групацијата во 2016 година планира добивка пред оданочување во износ од 80 до 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија во висина од околку 900 милиони евра и комбиниран количник од околу 95%.

Осигурителните компании на Групација Триглав ќе работат во исклучително конкурентни опкружувања, каде важна улога ќе имаат спецификите на поединечните осигурителни пазари. Зачестеноста и обемот на големите поединечни штетни настани (поплави, град, бура) се очекува да бидат на слично ниво како и во претходните години. Групацијата и понатаму ќе продолжи да биде фокусирана на клиентите и да ја зајакнува ефикасноста на сопствената продажна мрежа. Во согласност со деловната стратегија,пензиските и здравствените осигурувања остануваат важни сегменти, како во Словенија, така и на пазарите во Југоисточна Европа, кадеГрупацијата Триглав е присутна.

На пазарот на капитал не се очекуваат поважни промени – особено на пазарите со обврзници. Ќе се задржи и делумно зајакне релативно конзервативната структура на инвестициите, со фокус на инвестиции со фиксна добивка и натамошни инвестиции на финансиските пазари коишто обезбедуваат, подобра ликвидност, диверсификација и очекувана профитабилност.