
Отворањето на сите стратешки пазари како рускиот, кинескиот, американскиот пазар за пристап на нашите традиционално познати прехранбени производи, се едни од нашите цели, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски на трибината во Берово во рамки на караванот „На Македонија и треба твојата идеја“.
Отворањето на нови пазари ќе овозможи стопанството да се развива а со тоа се врши и промоција на македонските брендови. Ние сме сконцентрирани и кон вложување во нови производствени капацитети и проширување на истите, подвлече Поповски.
Сето тоа, заклучи тој ќе резултира со отворање на нови работни места, но од друга страна и интензивен прилив во државата.