Заев одбива да ги достави материјалите од прислушувањето, Јанева молчи

Јанева од обвинителството досега доби над 30 сериозни предмети, како случајот Пуч кој е комплексен случај во кој се обвините Заев, Верушевски, Палифров, и други, случајот со донацијата од израелската влада и други сериозни случаи, така да се поставува отворената дилема како Јанева ги чува овие случаи, а не може да ги чува материјалите на Заев, и дополнителната дилема како може штабот на СДСМ да е поголема гаранција за безбедноста за материјалите од специјалното обвинителство.

За сето ова Катица Јанева молчи и дозволува во нејзино име да говори СДСМ, да поставува барања и нергументирани услови. Повеќе од јасно е дека Јанева игра по нотите диктирани од СДСМ.  Доколку безбедноста на тие материјали е во прашање, повторно е повикан Спасовски кој преку министерството треба да обезбеди истите.

Експертите сметаат дека Јанева има надлежност да побара асистенција од МВР доколку СДСМ не и ги предаде материјалите.

-Не само што е кршење на договорот од Пржино, тоа е суштината зошто беше направено тоа Специјално обвинителство, зошто Катица Јанева беше избрана. Да потсетам тоа е Специјално обвинителство кое треба да ги испита нелегално стекнатите разговори. Сите чекаме да СДСМ се одважи и да ги достави 600.000 разговори, така беа најавени, од 20.000 граѓани кои биле прислушувани. Инаку, сето ова останато е дека селото гори, а Катица се чешла. Во нејзина надлежност е, не само што ќе ги побара, ако тие не и бидат доставени, да побара асистенција од МВР па тогаш нејзините овластени лица да појдат во штабот на СДСМ, во домот на Заев или каде и да се наоѓаат тие разговори и да ги однесат во Специјалното обвинителство, вели аналитичарот Александар Пандов за Сител.

Експертите сметаат дека одбивањето на Заев за предавање на материјалите, не спроведувањето на законот од страна на Спасовски и Јанева како параван на СДСМ и Заев за оправдување е шемата по која се однесува СДСМ.