
Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика.
На Горан Трајановски му претходеше Магдалена Несторовска која е советник на СДСМ во општина Карпош. Спасовски неа ја назначи за државен советник за човечки ресурси.
Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.
Лазе Велковски кој од Спасовски е назначен за државен советник за полициски и криминалистички работи стана познат во јавноста како обезбедување на Радмила Шекеринска, иако беше вработен во Агенцијата за разузнавање од каде што беше преземен во МВР, пишува порталот.
Пензионерот Раде Јанковски кој е назначен за шеф на