„Прес 24“: Спасовски го полни МВР со партиски војници и неискусни кадри

кабинетот на Спасовски, Кирил Митиќ на кого му е доверена позицијата државен советник за полициски и криминалистички работи, Драган Симоновски генерален советник за полициски и криминалистички работи, Живко Темелкоски-државен советник за финансиско и материјално-технички работи и Љубица Јакимовска – државен советник за правни работи, исто така важат за кадри блиски до СДСМ.

Спасовски подготвува партиски чистки во МВР

Токму овие партиски кадри, Спасовски ги назначил за Претседатели на комисиите за распоредување и унапредување во Министерството и во органите во рамки на Министерството, иако некои од нив немаат ниту еден ден работно искуство во МВР, пишува „Прес 24“.

Имено, според документите до кои дошол порталот за Претседател на Комисија за распоредување и унапредување на работни места во организациските единици за потребите на МВР како Претседател е назначен Лазо Велковски, а во комисијата со решение за член е поставен и Драган Симоновски.

dokument1

Во Комисиите за прераспоредување во Бирото за јавна безбедност, како претседатели се назначени советничката на СДСМ од Општина Карпош Магдалена Несторовска, Живко Темелковски и  Драган Симоновски, а како членови се назначени останатите од кабинетот на Спасовски.

dokument22

Во Комисијата за распоредување и унапредување за работни места во Управата за безбедност и контраразузнавање со решение Спасовски го назначил претседателот на Комисијата за информатичко општество на СДСМ Горан Трајановски.

dokument3

Искусните полициски професионалци со кои контактирал порталот изразуваат чудење за смените во комисиите за прераспоредување и ги толкуваат како политички притисок и обид за заплашување од страна на технички назначениот министер. Во ситуација кога договорот од Пржино и новиот Закон за Влада го ограничува техничкиот министер во однос на кадровската политика, тие сметаат дека поставувањето на партиски војници и луѓе без искуство во овие комисии се можеби и подготовка за незаконски смени по партиска нарачка од страна на генералниот секретар на СДСМ, пишува порталот.