Oд полноќ забрана за емитување платено политичко рекламирање

Oд полноќ забрана за емитување платено политичко рекламирање
Oд полноќ забрана за емитување платено политичко рекламирање

Од денеска од полноќ стапува во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање на телевизиите, печатените и на електронските медиуми, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, се наведува во соопштението од Агенцијата.