На летот АФ 463 имало 459 патници и 14 членови на екипажот.
Како што пренесуваат француските медиуми, пилотот на авионот побарал да слета итно, откако бил откриен сомнителен пакет во тоалетот на авионот, за кој се сомневаат дека е бомба.
Експерти за експлозив го анализираат пакетот, а утринава авионот се уште е на аеродромот во Монбаса.