Парламентарни избори во Шпанија

моторџија за магазинот „Гламур“, обајснувајќи дека сакал да прикаже една нова маркетиншка кампања, што се разликува од досегашните кои се „херметички затворени во политичкиот систем.

Од новиот пристап во политичкиот маркетинг не се откажа ни владејачката Народна партија, па така партиската потпретседателка Сораја Саенс де Сантамарија се обиде да ја имитира американската прва дама Мишел Обама и се појави во едно толк-шоу каде запеа. И 60-годишниот Рахој учествуваше во една радио емисија каде заедно со неговиот син коментираа фудбалски меч на Реал Мадрид, по што премиерот испеа и неколку сентиментални песни.

Аналитичарот Хавиер Пејтиби смета дека ваквиот нов пристап во изборната кампања е со цел политичарите „да допрат до оние луѓе кои загубија интерес за политиката по неколкуте години живеење во економска криза“.

– Целта на сето ова е да демонстрираат дека го слушаат гласот на граѓаните и се обидуваат да изградат имиџ на модерни политичари, кои се разликуваат од старите структури на традиционалните партии, вели Пејтиби.

Политичкиот консутант Икер Меродио пак вели дека со ваквата кампања партиите сакаат првенствено да ги анимираат младите кои во најголема мерка изразуваат недоверба кон политичката елита, која ја сметаат одговорна за сите проблеми со кои се соочуваат.

– На овој начин (политичарите) се обидуваат кај младите да поттикнат чувство дека некој ги разбира нивните проблеми, смета Меродио.

Стратешкиот консултант на агенцијата „Редлајанс, Ана Салазар, оценува дека овие избори дефинитивно ќе стават крај на двопартискиот систем во Шпанија во кои доминираа Народната и Социјалистичката партија.

– Овој двопартиски модел сега ќе биде заменет со систем од четири елементи: левица и десница и стари и млади, смета Салазар.